На новата автокефална црква, СПЦ го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија

Српската православна црква (СПЦ) го отстапува на користење целиот свој имот на територијата на Македонија на новата, автокефална црква во таа земја, пишува во Томосот прочитан денеска во соборниот храм Свети Архангел Михаил во Белград, по прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

„Светите храмови и манастири, особено светилишта од времето на немањиќкиот период и подоцнежниот период на српското присуство, црковното градење и културното творештво на територијата на денешна Македонија, како и вкупниот движен и недвижен имот на СПЦ, во нејзините граници, се отстапуваат на новата автокефална сестринска црква“, се наведува во Томосот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.