
Досегашното постапување по поднесувањето на Обвинение против Жан Митрев остава впечаток дека обвинителството и Судот се на една страна, а на другата страна е одбраната.
Па така, во постапката по жалба против Решението за блокада на сметките на Клиничката болница Жан Митрев, по поднесувањето на жалбата и доставување на предметот на одлучување до Апелациониот суд Скопје, обвинителството достави дополнителен писмен доказ кој што не е доставен до обраната, а Решението на Апелациониот суд за одбивањето на жалбата се повикува токму на тој доказ.
На одбраната дури не ѝ е доставено ни Мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, а тоа се повреди кои што Судовите не може да не ги знаат бидејќи се опфатени со Пресуди на Врховниот суд на РСМ и на Европскиот суд за човекови права.
И сега, во период меѓу одлагање на рочиштата, за проучување на доказите доставени од обвинителот на повеќе од 10 000 страници пишан материјал и голем број содржини во електронска форма, на одбраната и се оставени само 10 работни дена (дозволен увид 4 часа во денот) во кој рок е и подготовката на одбраната, поради што и со писмено барање адвокатите се обратија да се пренасочи судењето, но Судот на тоа не одговори.
Дали се ова значи дека замислата е Жан Митрев да биде осуден по кратка постапка, па поради тоа не се почитуваат основните права на одбраната?
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.