На ОИ медали освоија 93 држави, Македонија на 77. место со едно сребро

САД на последниот натпреварувачки ден ја престигна Кина според бројот на освоени златни медали на Олимписките игри во Токио на кои одличја освоија вкупно 93 држави, а македонскиот состав со еден сребрен медал заврши на 77. место во вкупниот поредок.

Американците беа најуспешни со 39 златни, 41 сребрени и 33 бронзени, пред Кина (38, 32, 18), Јапонија (27, 14, 17), Велика Британија (22, 21, 22) и Русија (20, 28, 23).

Единствениот олимписки медал од осумчлената македонска делегација го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, кој заврши второпласиран во категоријата до 80 килограми.