На Октобарфест одобрена продажбата на варено вино

Консумирањето на вареното вино е контроверзно на Октобарфест, каде што од посетителите се очекува да пијат пиво со литри, но сепак организаторите годинава направија редок исклучок за „glühwein“ поради невообичаено студеното и дождливо време.

Од неделата па во следните денови на штандовите со сладолед на големиот минхенски фестивал може да се продава топлиот пијалак, по одлуката на организаторите на Октобарфест како одговор на временската прогноза за втората седмица од манифестацијата.

Иако аромата на вареното вино е сеприсутна на германскиот божикни саеми, незамислива е на најголемиот фестивал на пивото во светот.

„Пуштањето на божикните песни толку рано во годината малку е претерано“, изјави во неделата директорот на фестивалот Клеменс Баумгартнер, забележувајќи за изборот на музиката на некои штандови, но рече дека дозволата за вареното вино е неопходна за да се осигури продавачите на сладоледот да се врат во 2023 година.

Управата на фестивалот смее да одобри продажба на варено вино само во исклучителни случаи, на пример, кога продажбата на сладолед е намалена поради лошото време.

Во 2008 година на Октобарфест се вареше виното, откако температурите со денови се движеа околу 10 Целзиусови степени.

Почетокот на фестивалот годинава на 17-ти септември беше проследен со обемен дожд, по што следеа само неколку сончеви денови.

Како резултат на тоа, посетеноста на годинешниот Октобарфест се намалила, соопштија организаторите на овој култен фестивал на пивото во Минхен, со околу три милиона посетители досега, и покрај надежите дека бројката ќе се зголеми по двегодишната пауза во текот на пандемијата на коронавирусот.

Бројката е значително пониска од околу 3,3 милиони луѓе кои го посетиле Октобарфест во првата седмица од одржувањето во 2019 година, последното издание пред пандемијата.

Здравствените власти очекуваат пораст на заразите со коронавирусот по Октобарфест кој трае до 3-ти октомври.