На Олимпијадата во Рио наместени најмалку десет бокс мечеви

Светот на олимпизмот и боксот е шокиран со откритието на канадскиот адвокат Ричард Мекларен специјализиран за спортот, кој во својот извештај тврди дека на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година биле наместени најмалку десет боксерски мечеви.

Канадскиот адвокат, кој пред неколку години стана светски позат по истражувањето за наводното мешање на рускиот државен врв во злоупотребата на допинзите поради постигнување врвни спортски резултати, овојпат истрагата ја спровел на барањето на Меѓународната боксерска федерација (AIBA), која последините години е обвинета за корупција и манипулации.

Меѓународниот олимписки комитет (IOC) ја суспендираше AIBA во мај 2019 година, па боксерскиот турнир на годинешните олимписки игри во Токио го организирапе Комитот.

Адвокатот Мекларен во извештајот навел дека за најмалку десет боксерски борби на Игрите во Рио постои сомневање дека резултатите биле наместени или однапред одредени.

„Системот за корупција воспоставен е многу порано, постојат индиции дека сѐ започнало уште на натпреварувањата во 2011 година, а продолжило на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. AIBA има долга историја на манипулации и корупција“, напишал Мекларен претставувајќи го извештајот во четвртокот.

Наводно во ваквите криминални активност вмешани се и поранешниот претседател на AIBA, Тајванецот Чинг-Куо Ву и поранешниот извршен директор Французинот Карим Бузиди.

Извештајот содржи некои примери како борбите биле наместени. Во одредените случаи „организаторите“ ги посетувале судиите во хотелските соби и им „објаснувале“ кој боксер ќе победи следниот ден, во спротивно судиите во рингот имале и сопствен знаковен јазик со којшто комуницирале и носеле одлуки.

„Системот бил добро осмислен и внимателно спроведуван. Судиите кои не сакале да учестуваат во тоа не суделе на големите натпреварувања или на Олимписките игри“, се наведува во извештајот.

Од AIBA, исто така, одговориле на извештајот.

„AIBA го вработи професорот Мекларен бидејќи не сака ништо да сокрие. Во нашиот спорт нема место за измами, па ќе ги испитаме предложените рефори и законски ќе влеземе во трагот на сите оние кои се вклучени во нечесните работи“, изјави претседателот на федерацијата, Умар Кремли.