На Папата не му е добро, вчера бакнувал вреници (ФОТО)

Папата Франциско е болен и нема да присуствува на денешната миса со римското свештенство во базиликата Свети Јован Латерански, соопштиле властите. Ватикан навел дека 83-годишниот папа не се чувствува најдобро и дека одлучил да остане во близина на ватиканскиот хотел Света Марта, во кој живее, како и дека ќе продолжи со другите планирани обврски, јавува AP. вЕР

Нема повеќе официјални информации за природата на болеста на Папата, додека некои светски агенции јавија дека тој бил виден како кива и го секне носот за време на вчерашната миса а бакнувал и десетина верници.

Веста за здравјето на Папата доаѓа во момент кога Италија се соочува со епидемија на новиот коронавирус.

Инаку, Папата како млад човек изгубил дел од белите дробови поради респираторна болест, а пати и од ишијас, поради што отежнато оди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.