На Петровден во Охридскиот храм “Света Софија”, ќе се одржи хиротонија на Бигорскиот игумен Партениј

На 12.07.2020 во Охрид во црквата „Света Софија“ ќе се одржи катедрален храм на охридските архиепископи.

Настанот е предвиден да започне од 8.30 часот со пречек на Архиепископот на архијереите на САС МПЦ, а од 9.00 часот Света Божествена Литургија и Хиротонија ќе одржи наречениот Епископ Антаниски г. Партениј.

Црковниот настан ќе заврши во 13.00 часот со свечена трпеза, во хотел „Белви“ во Охрид.

Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух.

Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, го започнува својот духовен пат, најнапред во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Потоа, воден од жедта за поголеми духовни знаења, го завршува и истоимениот Православен богословски факултет во Скопје, со дипломска тема посветена на Свети Јован Претеча и Крстител.

Името на отец Партениј повеќе години се наоѓаше на листата на кандидати за епископи на МПЦ-ОА, а пред петнаесетина години нему му било предложено да стане митрополит на Повардарската епархија, достоинство коешто тој го одбил, со образложение дека не сака да го напушти Бигорскиот манастир и мијачкиот крај, за чиешто заживување го вложил сиот свој живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.