На плажите на Сардинија вратени 10 тони песок, однесени како сувернир

Десетина тони морски песок и камења, кои туристите со години се обидувале да ги прошверцуваат од одморалиштата на Сардинија се вратени на брегот благодарение на договорите меѓу локалните власт, пишува во средата дневниот весник Il Corriere della Sera.

Познат по своите монденски хотели на Смарагдниот брег на северот од италијанскиот остров, со години стерада од туристите и локални претприемачи кои го криумчарат белиот вулкански песот надвор од земјата. Оние кои ќе бидат откриени се казнуваат, рака пред еден година турист беше казнет со илјада евра пориди обидот да изнесе шише со сардинскиот песок.

„Пред неколку месеци добивме повик од аеродромот во Олбија. Нѐ предупредијата дека во нивните магацини има многу песок, камења и школки од кои повеќето биле извадени од багажите на туристите кои го напуштале островот“, вели директорот на заштитеното морско подрачје Тавоалара, Аугусто Навоне.

Властите на ова приморско одморалиште во прво време не сфатиле дека не станува збор за само неколку наполнети шишиња, туку за 10 тони од вредниот товар, кој се насобрал на аеродромот.

Со помош на геолозите од универзитетот во Калјари, полицијата за заштита на природната околина и регионалните власти, идентификувани се две локации кои се погодини за новиот песок. На крајот, ова количество е растоварено на островот Таволара и на плажата Порто ди Сан Паоло.

Според Навоне, ваквото количество природен материјал доволно јасно зборува за обемот во кој е распространета оваа лиша туристичка традиција. Притоа појаснува дека повеќето од конфискуваните „сувенири“ биле во шишиња од половина литар,.