На плус 39 избегнувајте да пиете кафе. Еве зошто?

Многумина од нас не можат да замислат да го почнат денот без кафе. Сепак, кога ќе настапат пеколните горештини, ќе биде подобро да ја избегнете оваа навика, а особено треба да се избегнува попладневното кафе.

Сите сакаме да го искористиме сончевото време и во текот на денот да испиеме по едно кафе со пријателите. Сепак, кога ќе нстапат „тропските горештини“  тоа воопшто не е добра идеја.

Иако на прв поглед се чини дека еден филџан кафе, кој има моќ да го крене притисокот, може да биде одлична превенција од топлотен удар, сепак не е.

Проблемот е во тоа што на кафето (исто како црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го зголемува крвниот притисок, го забрзува пулсот, па дури и може да предизвика прескокнување во работата на срцето. За жал, тоа подигање на притисокот е моментално, а  окако ќе престане дејството на кофеинот, може да дојде до контра-ефект. Сигурно не сакате да ви се слоши, а уште помалку да добиете срцев или мозочен удар.

Исто така, кофеинот е силен диуретик, што значи дека ги поттикнува побрзо излачување на течности од организмот, дали преку потење, дали преку зачестено одење во тоалет – што доведува до дехидрација. Проблемот е во тоа што, заедно со течноста од телото се исфрлаат и вредни минерали, како што се солите, железо,  магнезиум, или калциум.

Друга лоша работа, особено за оние што во овие денови, сакаат да се сончаат и да потемнат, е тоа што, со својот капацитет на дехидратација, кафето ја суши кожата и на тој начин доведува до побрзо создавање брчки.

Што се однесува до психата, и овде кафето и топлото време не се добра комбинација, затоа што кафето го зголемува лачењето на хормоните на стресот, адреналин и кортизол, што во задушливиот јавен превоз без климатизација може само да ги интензивира симптомите на анксиозност, и да ве доведе до тоа да ви „падне шеќерот“.

Исто така, деновите во лето се подолги, и за време на жешките ноќи и онака помалку спиеме па кафето, дефинитивно не е сојузник на добриот сон.

Особено е опасно ако се одлучите за ладен кафе со многу шеќер и млеко. Не само што тоа е калориска бомба,  воопшто не е добро за здравјето. Прво може да ви „скокнете шеќерот“, а второ никогаш не можете да бидете сигурни во квалитетот на млекото, па може да останете цел ден приковани за тоалет.

Ако сте зависник до степен и однапред знаете дека нема да го послушате советот и да не пиете воопшто кафе  – тогаш напиете се само едно, утринско црно кафе, без шеќер и без млеко – но никако не правете го тоа на празен стомак!

Иако звучи чудно, експертите советуваат дека кафето да биде жешко, бидејќи топлите напитоци и супи, дури и во најголемите горештини, всушност,  ја поттикнуваат терморегулацијата, и не разладуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.