На полицаецот кој уби Афроамериканец во Атланта му се заканува смртна казна

Поранешниот полицаец Герет Ролф кој пукаше и го уби Афроамериканецот Рајшард Брукс сега ќе биде обвинет за убиство, изјави Пол Хауард, обвинител од округот Фултон во Џорџија.

Обвинителството ќе подигне обвинение против Ролф за убиство на 27-годишниот Брукс кој не покажувал агресија во ниту еден момент за време на апсењето, а поради тоа на поранешниот полицаец му се заканува доживотен затвор или смртна казна ако биде прогласен за виновен.

Хауард на прес конференцијата изјави дека на Брукс во ниту еден момент не му било кажано дека е уапсен поради возење под дејство на алкохол и дека тој не се однесувал агресивно.

Обвинителот откри дека Ролф со нога го удирал Брукс „додека тој лежел на земјата и се борел за воздух“ откако бил погоден и објасни дека на полицајците од Атланта им е забрането да пукаат со пиштол во некој што бега.

„Град Атланта им забранува на полициските службеници да пукаат со електрошок на лице што бега. Не смеело да испука со електрошок, а сосема сигурно не смеел ниту да пука со огнено оружје во лице кое бега“, напомена Хауард.

Герет Ролф, полицаец кој за време на приведување на невооружен Афроамериканец во Атланта пукаше во него и го погоди во грбот, веднаш беше отпуштен од полиција.