На полноќ истекува рокот за регистрација на медиумите за политичко рекламирање за изборите во Штип и Пласница

Државната изборна комисија потсетува дека вечер на полноќ истекува рокот за регистрација на радиодифузерите, печатените и електронските медиуми (интернет портали), за платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за предвремените избори за градоначалник на општина Штип и на општина Пласница.

Предвремените избори ќе бидат одржани на 13 декември откако Благој Бочварски кој беше градоначалник на Штип стана министер за транспорт и врски, а доскорашниот прв човек на Пласница Исмаил Јахоски беше избран за пратеник