На портир на „Trump Tower“ му платиле 30.000 долари за необјавена афера за Трамп, според обвинителот

Oкружниот обвинител на Менхетн, Алвин Брег, во вторникот подробно опишуваше нејасен наводен план за „убивање на приказната“ на поранешен вратар на „Trump Tower“, кој тврдеше дека има информации за вонбрачно дете на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави The New York Post.

Како поткрепа на фактите поднесени со обвинението, канцеларијата на Брег тврди дека од август 2015 година (веднаш откако Трамп ја објави својата претседателска кандидатура во 2016 година) до декември 2017 година, Трамп и неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен се вклучиле во „убивање на приказната“ со Дејвид Пекер, тогашниот ивршен директор на издавачот на списанија „American Media Inc.“, да ги прикрие информациите кои можат да ѝ наштетат на кампањата на Трамп.

Судот наведува поединости како издавачот AMI му платил на поранешниот вратар на „Trump Tower“, Дин Саџудин, 30.000 долари, откако тој тврдел дека знаел за афера којашто наводно довела до раѓање на вонбрачното дете.

„Во или околу октомври или ноември 2015 година, извршниот директор на AMI дознал дека поранешен вратар на Trump Tower кулата Трамп се обидува да продаде информации за дете кое обвинетиот наводно го добил од надвор од брак“, се вели во поднесокот.

„По упатствата на извршниот директор на AMI, AMI преговарале и потпишале договор да му плати на вратарот 30.000 долари за да ги добијат ексклузивните права на приказната“, се вели во документот.

Во списите на канцеларијата на државниот обвинител на Менхетен се тврди дека AMI „лажно ја претставиле таа исплата“ во финансиските извештаи на компанијата и дека ја купиле приказната од Саџудин „без целосно да ги прверат неговите тврдења“ по договорот кој го постигнал Пекер со Трамп и Коен.

„Кога AMI подоцна заклучиле дека приказната не е вистинита, извршниот директор на AMI сакал да го ослободи вратарот од неговите договорни обврски. Сепак, адвокатот Коен му наложил на извршниот директор на AMI да не го ослободува портирот сѐ до претседателските избори“, се додава во документот.

NY Post претходно објави дека неименуваната жена  во центарот на „сочна“ приказна „жестоко“ негирала дека имала афера со Трамп, велејќи за Associated Press „Сето тоа е лага“.

Саџудин на крајот бил ослободен од договорот за необјавување што го имал со AMI откако Трамп победи на претседателските избори во 2016 година, а Трамп бил наводно толку благодарен за помошта на Пекер во приктивањето на непријатната приказна, чијашто вистинитост не ја наведува ниту обвинителот но му завележува на поранешниот претседатек затоа што го поканил извршниот директор на AMI на неговата инаугурација и на вечера во Белата куќа.

Обвинителите велар дека Трамп му бил благодарен на извршниот директор на AMI што се ангажирал околу тврдењата на вратарот и поранешниот модел на Playboy, Карен Мекдугал, и го поканил на инаугурацијата.

„Во летото 2017 година, обвинетиот го покани извршниот директор на AMI на вечера во Белата куќа за да му се заблагодари за помошта за време на кампањата“, се наведува во судскиот поднесок.

Обвинението на Брег против Трамп, објавено во вторникот, го товари поранешниот претседател за 34 кривични дела поврзани со наводно фалсификување деловни книги како дел од неговиот план да спречи објавување негативна приказна за себе за време на претседателската кампања во 2016 година.

Во 2018 година, адвокатите на Пекер постигнаа договор со федералните власти да се откажат од гонењето за улогата на Пекер во тие плаќања и за неговата улога во фалсификувањето на сметководствените записи поврзани со исплатата на Саџудин.