На последната дебата меѓу Трамп и Бајден ќе се исклучуваат микрофоните, промена на темите

Последното телевизиско соочување меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден за претседателските избори на 3-ти ноември ќе вклучува ново правило, односно исклучување на микрофоните на кандидатот кој не добил збор од модераторот за оној што зборува да може непречено да се искаже, соопштија организаторите во настојувањата да се спречат упаднувањата во зборот кои ја нарушија првата дебата.

Кампањата на Трамп имаше приговори на промента, којашто според медиумите е воведена токму поради неговите упади во говорот на Бајден и на модераторит на дебатата минатиот месец со што наводно ги кршел договорените правила иако ниту демократскиот кандидат не остана покусо. Меѓутоа, од штабот на републиканецот порачаа дека сепак Трамп ќе учествува во дебатата во четвртокот вечерта, една од последните можности да има публика во ударниот термин пред гласањето.

Комисијата за контрола на претседателските избори соопшти дека микрофоните на кандидатите на дебатата во Нешвил, во сојузната држава Тенеси, ќе бидат стивнувани за на двајцата кандидата да им се овозможи без прекин да зборуваат на почетокот од секој 15-минутен блок од соочувањето.

Шефот на кампањата на Трамп, Бил Степиен, изјави дека претседателот ќе учестува во дебатата со Бајден. „без оглед на тоа што пристрасната комисија во последен момент ги променила правилата за во последен момент да му овозможи предност на својот фаворизиран кандидат“.

 

„Ќе ве исечат кога сакаат“

Доналд Трамп се повлече од втората дебата која требаше да се одржи минатиот четврток поради несогласувањето околу виртуелниот формат откако тој на почетокот од октомври беше позитивен на коронавирусот. Тогаш ја истакна својата загриженост поради исклучување на микрофоните.

„Седите пред компјутер и водите дебата, тоа е смешно. А тогаш ќе ве исечат секогаш кога ќе посакаат“, рече Трамп во интервјуто за Fox Business на 8-ми октомври.

Претходно во понеделникот од кампањата на Трамп рекоа дека се незадоволни од најавената серија теми за дебатата во четвртокот, тврдејќи дека таа повеќе би требало да се концентрира на надворешната поликата и дека избраната непартиска група која ќе поставува прашања всушност е наклонета кон Бајден.

„Ќе учествувам, но многу е неправедно што ги променија темите и многу е неправедно што повторно имаме водител кој е целосно пристрасен“, изјавил Трамп за новинарите кој го придружувале во авионот „Air Force One“ на враќањето во Вашингтон од собирите во сојузната држава Аризона.

Кристен Велкер од телевизиската мрежа NBC News, која е известувач од Белата куќа, би требало да ја води дебатата.

Кампањата на Бајден соопшто дека двете страни претходно се согласиле модераторите да ги изберат темите. Според нив, Трамп сакал да се избегне дебатата за неговото управување со епидемијата на коронавурсот која сметаат дека е главното прашање за гласачите.

„Како и обично, претседателот повеќе го загрижуваат правилата за дебатата, туку да ѝ даде помош на земјата која ѝ е потребна во кризата“, рече портпаролот на Бајден, Ти Џеј Дукло, иако Трамп ги критикуваше демократските гувернери за лошо управување со коронакризата што довело до големи загуби во нивните сојузни држави поради што конгресмените на Демократската партија бараат огромна помош за овие држави.

 

Гласале над 30 милиони Американци

Повеќе од рекордни 30 милион Американци веќе гласале предвремено, со што ги намали шансите на претседателот Трамп да го промени начинот на гласањето кој го фаворизираа демократите затоа што смета дека особено со гласањето преку пошта се зголемува можност за манипулирање со гласовите на избирачите и дека конечните резултати ќе бидат познати најмалку по 20 дена од денот на изборите. Овие податоци ги соопшти Универзитетот Флорида, и тоа би било повеќе од петтина од сите гласови пред време на изборите во 2016 година.

Медиумите проценуваат дека предвременото гласање веројатно ќе се зголеми оваа седмица, бидејќи сѐ повеќе сојузни дражви ги отвориле гласачките места за оние кои сакаат да ја избегнат можноста од изложувања на коронавирусот на преполните избирачки места.

На Флорида, каде веќе гласале повеќе од 2,5 милиои луѓе преку пошта, жителите чекаат во редици на првиот ден од предвременото гласање. Минатонеделната анкета која инситутот Ipsos ја спровел за агенцијата Reuters покажува дека Трамп и Бајдени се израмнети во оваа држава, која е една од клучните сојузни држави во претседатеслките избори.

Стотоци луѓе, од кои повеќето носеле маски, стоеле утрото на дожд пред јавноата библиотека во Корал Габелс, мнозински латиноамерикански град крај Мајами.

Луис Перез, 57-годишен истражувач на осигурителни измами, рекол дека гласа за Бајден поради управувањето на Трамп во епидемијата на коронавирусот. „Лажеше за тоа од самиот почлтоок“, рекол за Трамп, Перез кој тврди дека не е поврзан со ниедна партија.

Републиканскиот гласач Антониот Санчез, архитект кој во САД дошол од Куба, рекол дека го поддржува Трамп поради тоа што тој се „зазема за слободата и е против социјалзмот“.

„Мојте две ќерки се лекарки. Мислам дека тоа не би можело да се случи каде и да е на друго место, туку само во Америка“, рекол 59-годишниот Санчез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.