На последниот предизборен митинг Ердоган ја обвини опозицијата дека работи со Бајден против него

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги одржа во саботата своите последни предизборни собири во Истанбул на кои ја обвини опозицијата дека соработува со американскиот претседател Џо Бајден за да го собори, упатувајќи го последниот повик на посетените митинзи пред изборите кои се најголемиот предизвик во неговите две децении на власт.

Анкетите покажуваат дека Ердоган заостанува малку зад кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу ден пред едни од најважните избори на современа Турција последните децении. Меѓутоа, доколку ниеден од кандидатите не освои во недела повеќе од 50 отсто од гласовите и обезбеди директна победа, ќе се одржи втор круг она изборите на 28-ми мај.

На собирот во истанбулскиот кварт Умраније, Ероган потсети на коментарите на Бајден кои ги објави америакнскиот дневен весник The New York Times во јануари 2020 година, кога водеше кампања за Белата куќа. Тогаш Бајден рече дека Вашингтон треба да ги охрабри противниците на Ердоган да го поразат на изборите, истакнувајќи дека не би требало да биде соборен со државен удар.

Односите меѓу Турција и САД особено се влошија по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година, за што Анкара ја обвини организацијата на поранешниот политички сојузник на Ердоган исламскиот проповедник Фетула Ѓулен наречена FETO кој живее во егзил во Пенсилванија, а Вашингтон со години одбива да ѝ го предаде на Турција.

Коментарите, кои се појавија подоцна во 2020 година во овидео кое Бајден го направи најпопуларна тема на Twitter во Турција, Анкара тогаш ги осуди како „интервенционистички“ и мешање во внатрешните односи на земјата.

„Бајден издал наредба да биде соборен Ердоган, јас тоа го знам. Сите мои луѓе тоа го знаат. Ако тоа е случај, тогаш гласачките ливчиња утре ќе му дадат одговор и на Бајден“, изјави Ердоган.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјавил дека Турција е долгогодишен сојузник на САД и дека Вашингтон внимателно ќе ги следи тамошните избори, и додаде дека „Соединетите држави не заземаат страна на изборите“.

„Наше единствен интерес е демократскиот процес, кој би требало да биде слободен и чесен. Веруваме дека турските власти ќе ги спроведат изборите во согласност со својата долга, горда демократска традиција и своите закони“, рекол портпаролот пренесе агенцијата Reuters.

Турските медиуми и претходните месеци пишуваа дека американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк ги координирал активностите на опозицијата во чие обединување учествувал пред претстојните претседателски избори на состаноци кои се одржуваат во ткн „глуви соби“ во хотел во сопственост на припадници на американското разузнавање, лоциран спроти амбасадата на САД во Анкара. Исто така, медиумите пишуваат дека април по барање на американскиот дипломат тој се сретнал со Киличдароглу. Тоа предизвика жестока реакција на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), како мешање на Вашингтон во внатрешните работи на Турција а самиот претседател Ердоган демонстративно одби лична комуникација со американскиот амбасадор.

Во напис во април во турскиот дневен весник Yeni Şafak беше наведено дека „амбасадорот Флејк дојде во Турција како човек од доверба на (американскиот претседател Џо) Бајден“. Во текстот се наведува и Ндека откако бил именуван од Бајден истакнал дела Вашингтон треба да заземе сосема поинаков пристап во однос на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и да му се стави јасно до знаење дека САД ги поддржуваат челниците на турската опозиција, и дека поради тоа не треба да зачудуваат континуираните контакти на американскиот амбасадор со нив.