На повидок договор помеѓу Москва и Киев?

Европската комисија соопшти дека ќе се оддржат нови разговори со Украина и со Русија за решавање на спорот околу гасот, откако изнесе нацрт за можниот режим на цената.

Како што истакна комесарот за енергетика на ЕУ, Гинтер Етингер, во преговорите во Брисел се искристализирал можен план за плаќање на заостанатиот долг  за гас на Украина кон Русија, и сугерирани се начини со кои би се обезбедиле идните уплати.

Етингер ка конференцијата за медиуми соопштил дека шефовите на украинската компанија „Нафтогаз“ и на руската „Гаспром“, имале одвоена средба на која ги разгледувале решенијата на кој начин би се покривлоло  плаќањето за испорачаниот гас до јуни следната година.

Двајцата шефови побарале неколку денови за да ги договорат деталите со своите претпоставени, по што би се вратиле на нов трилатерален состанок оваа или следната недела.

Догооврено е во текот на тој период да нема прекин на руската испорака на гас, ниту барања за плаќање однапред.

Ертингер не кажал за која цена биле преговорите, туку само дека се работи за сума под 485 долари, последна која што ја барал „Гаспром“, а над 268 долари, цена за која Киев тврди дека е пазарна и фер.

 

Етингер во петокот во Берлин, по разговорите со рускиот министер за енергетика, Александар Новак, договори Киев да исплати 786 милиони долари на име заостанат долг за рускиот гас испорачан во февруари и во март.

 

Резултат од тој договор е Русија да ја одложи комплетната исплата за испорачаниот гас до 9 јуни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.