На повидок е нов скандалозен тендер во Министерството за здравство

85

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери. Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи, изјави на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари! Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните. Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери, рече Андоновска.

Посочи дека министерот Филипче мора да даде одговори на мноштвото прашања кои за функционерањето на неговиот ресор ги поставува јавноста.

Зошто двојно поскапи мамографи? Повторно ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе ѝ го даде и овој тендер? Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма? Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Го обвини министерот за здравство дека ги одбегнува соочувањата во јавноста со оние кои го критикуваат или имаат поинакви мислењеа

Знаеме дек Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има. Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството, потенцираше Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.