На повидок голема промена во временската прогноза

Повремени врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за денес покрај облачноста која како што поминува денот ќе се зголемува.

Снег е можен на планините.

Од 5 до 14 степени ќе се движи максималната дневна температура а во Скопје максимумот ќе се искачи до 11 степени.

Ќе дува северен ветер а врнежи од дожд ќе има и викендов.

Метеоролозите предвидуваат формирање на снежна покривка на планините.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.