На повидок првата предизборна коалиција

Првата предизборна коалиција се чини е во најава. Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА ќе ги здружат сите на претстојните предвремени парламентарни избори со цел да го симнат ДУИ од власт.

По повикот на лидерот на Алијансата, Зијадин Села од останатите опозициски партии од албанскиот блок за коалиција пред изборите, Билал Касами, претседателот на БЕСА вели дека тие се подготвени за предизборна соработка.

„Ние би сакале предизборна коалиција за да биде сигурен опозицискиот глас дека конечно ќе дојде до промена во Северна Македонија, но сигурно доколку немаа таква соработка и по изборите би сакале некаква соработка со Алијанса за Албанците бидејќи ние сега сме со поблиски ставови како опозициски партии“, вели Касами за ТВ21.

Инаку, Алијанса и БЕСА претходно соработуваат и за време на локалните избори, но заеднички застанаа и зад кандидатурата на Блерим Река на последните претседателските избори.

И меѓуостанатите партии течат разговори за евентуално здружување на силите пред 12-ти април, но засега нема информации за постигнат договор. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека водат разговори со сите партии. Лидерот Христијан Мицкоски вели доколку постигнат договор околу основите на предизборната програма со некоја од партиите ќе влезат во коалиција.

Засега е извесно дека владините коалициски партнери, СДСМ и ДУИ не би оделе со заеднички настап на изборите.