На повисоките места сончево, во котлините магла

На повисоките места и на планините претежно сончево, а по котлините и речните долини со појава на магла и ниска облачност, се вели во временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи за денеска.

Во текот на денот на повеќето места ќе има зголемување на видливоста. Претежно ќе биде тивко.

Температурата ќе се движи од девет до 14 степени во текот на денот.