Најпозната личност од Македонија во светот е Александар Македонски, а од Грција Питагора (ФОТО)

Медиа мапс ги избра напознатите личности во светот од секоја земја, па така од Македонија најпозната личност е Александар Македонски.

Од регионот Лука Модриќ е најпозната личност од Хрватска, а Лука Дончиќ од Словенија, додека Христо Стоичков од Бугарија, па Гроф Дракула од Романија, Мајка Тереза од Абанија. Петар Петровиќ Љегош е најпознатата личност од Црна Гора, од Грција Питагора, од Турција Султанот Мехмед.

А од Германија најпозната личност е Адолф Хитлер, од Франција Наполеон Бонапарта, од Шпанија Кристофер Колумбо, од Португалија Кристијано Роналдо, од Ирска Конор Мек Грегор, од Велика Британија кралицата Елизабета, од Холандија Винсент вам Гог, од Русија Владимир Путин, од Украина Волдомир Зеленски, од Полска Марија Кири, од Италија Леонардо да Винчи, од Австрија Моцарт.