Најпознатата аргентинска телевизија: Меси донесе одлука за својата иднина во ПСЖ! (ФОТО)

За време на последниот престој кој го имаше во својата родна земја, Лионел Меси обелодени дека ќе мора да донесе многу важни одлуки ова лето во пресрет на мундијалот во Катар, а тука воглавно се мислеше на неговата клупска иднина и прескромната сезона која ја имаше во ПСЖ.

Аргентинската ѕвезда почна да се поврзува со сензационално враќање во Барселона по само една година и со други клубови како опции за излез од „Паркот на принцовите“, но медиумот кој често има ексклузивни интервјуа за капитенот на репрезентација, непосредно пред полноќ излезе со совја ексклузива.

Најпознатиот аргентински телевизиски спортски канал „TyC Sports“ ја пренесе конечната одлука која ја донел Лионел Меси за својата клупска иднина, а тоа е дека нема така лесно да се откаже од ПСЖ по само една сезона.

Изворите на респектабилниот медиум уверуваат дека Меси нема да мрдне од Париз претстојново лето и покрај фрустрирачките моменти кои ги доживеа со париските фанови, па во најмала рака ќе го испочитува првиот дел од договорот.

Планот на Меси е да ја одработи втората задолжителна година од договорот со ПСЖ, по што ќе има опција да продолжи договор за уште една сезона, но и да го прекине истиот и да си оди како слободен агент, исто како што беше случајот и во Барселона.