На претседателот на Советот на Град Скопје му беше оневозможено да работи согласно Деловникот, службите по налог на Арсовска му ја одземаа соодветната опрема,

На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците, откако службите на Советот по налог на градонаќалничката Данела Арсовска му ја одземаа соодветната опрема, заменикот градоначалник Александа Трајановски тоа јавно го призна, информираа во средата доцна попладнето од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повеќечасовната дискусија за алармантната состојба во гадското јавно сообраќајно претпријатие.

Ова право на претседателот на Советот, како што се вели во соопштението, му е дадено со цел да не дозволува од говорницата да се користи говорот на омраза, навредите по национална, етничка припадност, навреди на лична основа.

„Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.

Додаде „јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница“.

На денешната седница на Советот на Град Скопје претседателот не му беше овозможено да работи согласно Деловникот. Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеа служби на Градот. Заменикот на Арсовска советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески.