На претседателските избори во Хрватска право на глас ќе имаат речиси 4 милиони избирачи

На претстојните претседателски избори во Хрватска право на глас ќе имаат 3.854.747 гласачи, соопштија денеска хрватските власти. Од запишаните гласачи во избирачкиот список 3.677.907 се жители на Хрватска, додека во странство своето право на глас ќе можат да го остварат 176.843 граѓани.

На претстојните избори во Хрватска запишани се поголем број гласачи во споредба со неодамнешните избори за Европскиот парламент, кога право на глас имаа 3.831.389 граѓани. Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 22 декември, а доколку е потребно вториот е закажан за 5 јануари 2020 година.

Според анкетите, најголем рејтинг има актуелната претседателка и кандидат на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар-Китаровиќ, а шанси за втор круг им се дава и на кандидатот на Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.