На продажба над 300 туристички капацитети во Црна Гора

Неколку стотици туристички објекти, односно хотели, апартмани, вили и слични објекти низ Црна Гора се огласени на продажба, покажуваат податоците од веб-страниците за недвижнини. Во Црна Гора се продаваат речиси 300 хотели и туристички капацитети во Будва. Овие податоци ги загрижија властите, имајќи предвид дека туризмот е главната стопанска гранка која носи најголеми приходи во таа земја, објави „Црногорски инвеститор“, пренесува „Каматица“.
Повеќето од овие хотели се продаваат на крајбрежјето, а нивните цени варираат од неколку стотици илјади евра до неколку милиони.
„Според податоците со кои располагам, во Црна Гора има околу 500 хотели, а веројатно некои од хотелите кои се нудат на огласите се дупликати. Кај нас доминираат мали хотели, а не ме чудат понудите за продажба на тие објекти, затоа што веќе подолго време имаме големи проблеми со управувањето со капацитетите, кои од година во година се зголемуваат“, изјави деканот на Факултетот за бизнис и туризам во Будва, Раде Ратковиќ.
Како што наведува деканот, повеќе од три децении овозможуваат изградба на секундарни станови, односно во нашата туристичка структура големите хотели сочинуваат само десет проценти.
„Затоа, 90 проценти од неквалитетното сместување го диктира квалитетот на туризмот и затоа нашиот туристички производ полека го губи квалитетот“, истакнува Ратковиќ.
Во Херцег Нови се продаваат 45 хотели, а дури 36 вакви објекти се огласени во Котор, а 28 во Тиват. Во Будва се продаваат дури 51 објект, додека во Бар и Улцињ се огласени 105 и 25 туристички објекти. Ова, се чини, е последица на повеќедецениското свртување на крајбрежниот регион кон туризам и зголемувањето на изградбата на станбени згради.