На протестот „Србија против насилството“, обесена кукла со ликот на Вучиќ

Петтиот протест „Србија против насилството“ вчера вечер на улиците на Белград собра десетици илјади луѓе кои во поворка низ централните улици на градот го опколија седиштето на претседателот на Србија.
Тие сметаат дека власта е одговорна за зголемувањето и толерирањето на насилството во општеството и оставија бројни пораки со критики и повици тој да се повлече.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на Твитер објави фотографија од обесена кукла која личи на Александар Вучиќ.

„Како да им го објасните ова на децата? Мојот син има 4 години. Јас сум „татко“ за вас што промовирате потолерантно општество – и не знам како да му објаснам. Вучиќ е пријател, татко, син… човек кој дава сè за да ја направи Србија посилна“ напиша Брнабиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.