На протестот во Прилеп и кочанските оризопроизводители

И кочанските оризопроизводители ќе се придружат на протестот што неколку земјоделски здруженија го организираат за понеделникот во Прилеп.

Неколку месеци пред новата жетва, половина од оризот сѐ уште е во амбарите, откуп нема, а не е одредена ни добра цена.

Од Министерството за земјоделство при последната посета на кочанско рекоа на цената не можат да влијаат. Таа лани поради пандемијата достигна и до 32 денари за арпата, но годинава ќе биде пониска.

Понудените цени се ниски во услови кога ѓубривата поскапуваат, а тешко се доаѓа до квалитетен семенски материјал.