На првата геј парада во Кипар, учествуваа 3.500 лица

94

Три ипол илјади лица учествуваа на правата геј парада во Кипар, барајќи еднакви права во една од земјите во која влијанието на Православната црква е на завидно ниво.

За време на парадата мала група на демонстранти дошла до судир со полицијата, но се поминало без никакви поголеми инциденти.

Кипар во 1998 година ја декриминализира хомосексуалноста, пет години откако еден од пионерите на правата на луѓето во оваа област Алекос Модинос успеа да ја осуди земјата во Европскиот суд за правата на човекот.

Активистите од оваа област тврдат дека земјата се уште заостанува зад другите земји од ЕУ во однос на правата на геј двојките и бавно го воведува законодавството за еднополови бракови. Хомосексуалните двојки во Кипар немаат исти права како бисексуалните двојки при добивањето социјални станови и друга помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.