На први јануари бројот на населението на Земјата ќе изнесува повеќе од седум милијарди лица

Бројот на населението на планетата до први јануари 2014 година ќе изнесува 7.137.577.750 лица. Прогнозата е на Бирото за попис на населението на САД, пренесе “ИТАР-ТАСС“.

Во споредба со минатата година зголемувањето е за 77.630.563 лица или 1,1 отсто. Со најголем придонес за овој прираст е Индија со 15,6 милиони лица, потоа Кина, Нигерија, Пакистан и Етиопија.

Во 2025 година населението на Земјата се очекува да достигне осум милијарди лица.