На Раде и Ленка Шербеџија им се заканува затвор во Америка

Еден од најпопуларните актери во поранешна Југославија, Раде Шербеџија (74), со својата втора сопруга Ленка живееше во Лос Анџелес, каде купиле куќа за нешто повеќе од милион долари.

Раде и неговата сопруга ја купиле куќата на кредит во јули 2004 годин, а ја продале шест години подоцна, пред да се вратат во Хрватска.

Иако сите овие години се чинеше дека актерот и неговото семејство живеат вистински американски сон на Далечниот Запад, тоа не било баш така, бидејќи Шербеџија и неговата сопруга наводно се мачеле со американски заеми, пишува „Ало.рс“.

Во официјалните регистри може да се види дека Раде и Ленка поради недвижноста се задолжиле кај неколку американски банки.

Како што наведуваат, не само што имале хипотека, туку наводно останале должни големи суми за данок. Износите наведени во даночните документи се движат од 2.335,27 долари, преку износ од 178.898,68 долари, па сè до 511.710,20 долари. Последниот, најголемиот износ е впишан со дата 31 декември 2010 година.

Раде во едно интервју опиша како од Лос Анџелес се преселили во Ријека во 2011 година. Значи, откако се вратиле во Хрватска, американските даночни обврзници го забележале неплатениот данок па таа документација завршила во Даночната управа во Лос Анџелес. На неплатенито данок се пресметува камата, па сигурно е дека овие износи само ќе растат.

САД остро го казнуваат избегнувањето плаќање данок, особено кога станува збор за големи суми, повеќе од половина милион долари, така што прашање е дали Раде Шербеџија и Ленка воопшто ќе се вратат во Америка. Медиумите пишуваат дека веќе има отворен предмет во Централниот округ на Калифорнија на Окружниот суд на САД.