На ред се извршителите, порачаа македонските „Анонимуси“

Македонските „Анонимуси“ излегоа со соопштение дека тие ниту еден момент не го загрозиле маил серверот на Министерството за здравство, само направиле екстракт на мејловите.

„Сајтовите, и маил серверот СЕ ИЗГАСЕНИ од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства. И немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е“, стои во нивните реакции на Твитер.

Тие најавија дека следни за напад се извршителите. 

Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се. п.с: Немојте да ни кажувате како функционира анонимус, не бидете идиоти. #OpMacedonia“, известуваат од „AnonOpsMKD“.

Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените е-адреси на вработените во институцијата. Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата што стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк