На Ријана и здодеа саудискиот милијардер

Светски познатата пејачка, Ријана раскина со нејзиното момче, милијадерот од Саудиска Арабија Хасан Џамил, бидејќи и здодеал, пренсеуваат агенциите.
Тоа беше убава врска, но сега е готово. Се разбира, Ријана му го скрши срцето, тоа е она што таа го прави, крши машки срца. Ријана едноставно се умори од него, понекогаш се уморува од мажите, изјавил извор близок на пејачката.

Ријана ја очекува турбо период, со премиерата на филмот „Оушн 8“, каде што настапува заедно со Кејт Бланшет и Сандра Булок, потоа лансирањето на линијата на долна облека за плус-сајз жени, како и со континуираниот успех на нејзината колекција на шминка, „Фенти бјути“.

Ријана и Џамил вешто ја криеја својата врска. Двојката никогаш јавно не соопшти дека е заедно, ниту, пак, споделуваа какви било детали или фотографии на социјалните мрежи.

Гласините дека се заедно почнаа да кружат во јуни 2017 година, кога беа забележани во базен во Шпанија. Набргу потоа, тие беа видени на вечера на Ибица, а си заминаа заедно и по доделувањето на Греми наградите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.