На Роналдо ќе му се суди во јануари

56

Судот во Мадрид го закажа судењето на Кристијано Роналдо за 21 јануари. По постигнатиот договор со обвинителството, португалскиот фудбалер ќе биде осуден на две години затвор условно и парична казна во износ од 18,8 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид се изјасни за виновен дека извршил четири даночни малверзации меѓу 2011 и 2014 година.

Судењето ќе трае само еден ден, а Роналдо ќе треба единствено да ги прифати приложените факти. Играчот, кој сега живее во Италија не мора лично да присуствува на сослушувањето, бидејќи има можност да побара од судијата да биде остварена видеоконференција.

На овој начин, Роналдо се приклучува на други играчи, како Лука Модриќ, Марсело, Радамел Фалкао, Анхел ди Марија, Лионел Меси и Хавиер Маскерано, кои исто така извршиле даночни престапи и постигнаа договор со обвинителството, за да се намалат можните казни.

Не се знае дали напаѓачот на Јувентус ќе се појави во Мадрид на 21 јануари, бидејќи ден порано има натпревар во Торино против Киево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.