На самитот на НАТО ќе се дискутира темата за членството на Турција, изјави Трамп

Прашањето за членството на Турција во НАТО ќе биде разгледувано од земјите членки, изјави во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп по пристигнувањето во Лондон каде што со другите челници на 29-те земји членки ќе учесвува на јубилејниот самит на Алијансата и истовремено истакна дека оваа држава е „добар“ член на блокот.

„Ми се допаѓа Турција, добро го познават претседателот (Реџеп Тајип Ердоган). Тој е добар член на НАТО или ќе биде… Темата за членството чќе биде дискутирана од страна на членките на алијансата“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по нивната средба во Лондон.

Според Трамп, САД и Турција преставуваат примери за успешно партнерство.

„Имавме добро искуство работејќи заедно во времето на операцијата (за елиминацијата на шефот на џихадистичката Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади во Сирија). Имаме добри односи со Турција. Турција е сигурен партнер“, рече Трамп.

Испораките на најновите руски ракетни противвоздушни системи С-400, предизвикаа криза во односите меѓу Турција и САД кон средината на јули. Вашингтон побара од Анкара да го раскине договорот со Москва, што неколкратно беше одбиено од турска страна. САД предлагаат замена на руските системи со американските „Patriot“, заканувајќи се со суспендирање или целосно исклучување на Турција од проектот за изградба на ловците од петтата генерација „F-35“, во кој таа сејавува и како инвеститор, произведувач и купувач. Покрај тоа американската страна се закани и воведува санкции против Анкра, во согласност со CAATSA, законот За справување со американските проивници преку санкции.

Столтенберг, пак, истакна НАТО ќе продолжи да бара решенија во врска со турската набавка на руските системи, и оти тие нема да бидат интегрирани во заедниќката противвоздишна одбрана на Алијансата.

„Руските системи нема да бидат интегрирани во заедничката воздушна одбрана на Алијансата. Бидејќи овие руски системи не може да финкционираат заедно со системите на НАТО, секако“, изјави Столтенберг, одговарајќи на новинарски прашање за турската набака на руските С-400.

Челникот на НАТО, исто така, рече дека го „поздравува фактот што продолжуваат преговорите меѓу САД и Турција за алтернативниот американски систем Patriot.

„Исто така некои сојузници разместија во Турција своите системи Patriot. Односно ние работиме на ова прашање и ќе се обидеме да најдеме начин да го решиме“, рече Столтенберг додавајќид ека оваа ситуација „создава извесни проблеми“ во Алијансата.

На почетокот од конфликтот во Сирија, неколку земји сојузнички во НАТО на турска територија распоредија три батерии од системот „Patriot“, но подоцна по обвинувањата на сметка на турскиот претседател Ердоган Германија и Холандија ги повлекоа системите. Анкара, која подолго време работи на обезбедувањето на својот возрушен простор, под притисок од Алијансата го раскина својот голем договор со кинеска корпорација за заедничко производство на ракетни системи и потоа објави тендер за набавка на ваков вид вооружување. Од различни причини овој обид не успеа, а Турција повеќепати истакна дека понудените „Patriot“ биле прескапи, па се свртела кон набавката од Русија.