На само две недели пред стартот на учебната година МОН и Владата сѐ уште неподготвени

550
View of the interior of elementary school.

Иако старо-новата Влада и Министерството за образование имаа шест месеци да изнајдат начин за тоа како ќе се оддржува наставата во училиштата во отсуство на модел и конкретни решенија го одложија почетокот на учебната година за еден месец.
Но и покрај одлагањето за да се купи време и најавите дека ќе има платформа за онлајн настава, и на две недели од почетокот на учебната година нема н и трага ни глас од тоа како би изгледала таа платформа. Експертите за оваа проблематика не се оптимисти дека МОН ќе успее да изнајде правилно решение за оддржување на наставата. Тие сметаат дека грешката е во тоа што МОН навреме не ја сфати потребата од нов модел за настава, иако од самиот почеток на пандемијата беше јасно дека ќе биде потребно такво нешто.

Од Министерствотоза образование и наука и понатаму продолжуваат да убедуват дека пилот верзијата од платформата за онлајн настава е готова, но и да е така, тука се поставуваат повеќе прашања за тоа дали таа ќе биде применлива и дали ќе има време до почетокот на годината истата да се усовршува и прилагодува на потребите на учениците и наставниците.

Друго прашање кое се наметнува е тоа дали за користење на истата ќе треба да се обучуваат наставниците и учениците и колку време останува за надминување на оваа процедура. Согледувајќи ја ваквата ситуација некои приватни и државни училишта самите си направија модел и обезбедија платформи за онлајн настава само за да не доцнат со почетокот на новата учебна година. Останува и дилемата, која е резултат не неодговорноста, и за која никој нема одговор е тоа како родителите на децата од прво, второ и трето одделение, чии часови ќе бидат до 10.30 или 11.00 часот, кој после ќе преземе грижа за тие деца, бидејќи родителите се на работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.