0.8 C
Skopje
сабота, февруари 4, 2023

На Самоил и на Самиолавата тврдина ќе им стават белег дека тоа е бугарски крал и дека тоа припаѓа на бугарската историја

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, во вечерашното гостување во емисијата ,,Само вистина” зборуваше за прифатениот француски предлог од страна на власта и последиците кои Македонија ќе ги има од тој предлог на долгорочен план.

– Да имавме десетгодишна најкрвава војна и да ја изгубевме на воено поле од Бугарија, мислам дека капитулацијата ќе беше подостоинствена за Македонецот од ова сега ние што го добивме. Имаме ситуација во која ние мораме да ги коригираме сите историски содржини и споменици кои што на бугарите не им се допаѓаат. Историската комисија која што патем речено од седум луѓе само тројца се историчари, а треба за историски работи да носи одлуки, заради тоа што стариот век, односно антиката ние ја отпишавме со Преспанскиот договор и комплетно оваа територија и овој народ, комплетно ние како Македонци немаме право на античка историја. Ние сме дојденци од Словените и сѐ претходно што било со тој договор ние го отпишавме и сѐ што учиме сега сме обврзани да кажеме дека тоа е туѓа историја.
Доаѓаме сега до средниот век и тие велат средниот век, на Самоил и на Самиолавата тврдина ќе им ставеле белег дека тоа е бугарски крал и дека тоа припаѓа на бугарската историја. Е сега, кога ќе дојдеме до нов и најнов век, тоа значи дека, на спомениците да речеме кај Гемиџиите, на Гоце Делчев и Даме Груев кај Камениот мост, на било кој револуционер треба истото и за нив да го правиме. – рече Пандов.

Пандов рече да не се правиме наивни, за Бугарија постои македонски јазик само од 1945 година навака и дека тие ќе ни ги ревидираат книгите, ќе ни кажуваат какви филмови да правиме, музика итн и ако некој кај нас не ги слуша нивните наредби, тоа ќе значи говор на омраза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.