На Сеад Кочан му се слошило во Идризово

На бизнисменот Сеад Кочан кој вчера насилно беше приведен, утрово му се слошило во затворот во Идризово. Имал покачен крвен притисок и примил инјекција.

Инаку, припадници на специјалната единица „Алфи“ насилно го приведоа бизнисменот Сеад Кочан и го однесоа на издржување на затворската казна во Идризово.

Според информациите, лекарите од приватната болница каде што се лекува Кочан, се обиделе да им објаснат на „алфите“ дека тој е со наод за срцева болест, приклучен на апарати за кислород и не е во состојба да биде исклучен и пренесен во затвор. Но, ваквите обиди биле залудни.

Тој без отпусна листа од болницата бил изнесен во количка и спроведен во затвор