Најсексапилниот маж за 2019-та е Џон Леџенд

Талентираниот американски пајач и актер Џон Леџенд според изборот на магазинот The People е најсекси мажот во 2019 година, но како што самиот вели, не е сигурен дали ќе успее да живее со оваа ласкава титула.

Леџенд е во брак со манекенката Криси Тиген со којашто има две деца и е првиот Афроамериканец кој за својата уметничка работа е награден со престижните награди Еми, Греми, Оскар и Тони.

„Кога ја слушнав веста бев многу возбуден, но истовремено и помалку уплашен, бидејќи тоа е …. голем притисок“, изјавил Леџенд за The People.

„Џон од 1995 година би бил многу збунет поради тоа што титулата ја понесе по Идрис Елба… По ѓаволите, Џон од 2019-та е речиси исто толку збунет, но му благодарам на списанието People. Ќе ја понесам титулата. Сега сите ќе ме гледаат под лупа за да утврдат дали навистина сум доволно секси за такво нешто. Онака, избран сум по Идрис Елба, што не е чесно и не ми е баш симпатично“, се шегуваше Леџенд на Twitter.

Британскиот актер Идрис Елба ја понесе титулата минатата година, Меѓу другите пејачи и актери кои е појавија на насловната страница на магазинот последните години откако се прогласени за најсексапилни се Блејк Шелтон, Крис Хемсворт, Адам Левин, Џорџ Клуни и Ченинг Татум.

Леџенд, во моментов еден од членовите на жирото во популарната американска шоу емисија „The Voice“ има освоено десет награди Греми за дебитантскиот албум „Get Lifted“ и за нумерата „Ordinary People“.

Добитник е на Оскар за песната „Glory“ од филмот „Selma“, на наградата Тони за копродукцијата на бродвејската претстава „Jitney“ и на Еми за продукцијата на телевизиската адаптација на мјузиклот „Исус Хритос суперстар“ во кој го толкуваше Исус.

Фотографијата на Леџенд ќе биде на насловната страница на The People кој во продажба ќе се појави во петок.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.