На северот од Индија над 100 жртви во поројните дождови

Најмалку 106 лица ги загубиле животите, а повеќе од сто се повредени во текот на една седмица во сојузната индиска држава Утар-Прадеш, која е погодена од силни монсунски врнежи, објави во средата телевизијата NDTV.

Според нејзините податоци, во последните 24 часата регистрирани се 14 нови жртви на стихијата во овој регион на северот од земјата во последните, а уште седум луѓе биле повредени. Најмалки 600 домови биле значително оштетени. Лошите временски услови во Утар-Прадеш, исто така, се причина за смртта на околу 80 грла стоки, како и уништување на земјоделските култури.

Главниот министер на сојузната држава, Јоги Адитанат, им наложил на локалните власти да го известат локалното население за перманентната закана, а исто така и да прижат финансиска и медицинска помош на погодените семејства.