На Шангајска листа и годинава меѓу првите илјада нема македонски универзитет

И годинава на академското рангирање на светските универзитети, на т.н. Шангајска листа ( Shanghai Ranking Consultancy) меѓу првите илјада универзитети во светот нема ниту еден од Македонија. На врвот и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е највисокорангиран од македонските високобразовани институции, но од година во година со сѐ полош ранкинг – 2021 на 1.917 место, 2022 на 1.944 место и 2023 на 1.964 место.

Универзитетите во Белград и Загреб се на позициуте меѓу 301- 400 место, а помеѓу 901-1.000 е и Новосадскиот универзитет. Од регионот на листата се и универзитетот во Љубљана и четири грчки универзитети.

Академското рангирање на светските универзитети, познато како Шангајска листа, ги претставува најдобрите високообразовни установи во светот уште од 2003 година, врз основа на утврдена методологија и податоци од трети страни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.