На шпанските избори повторно недоволна победа на социјалистите, десниот Вокс стана трета партија

52

На поворените парламентарн изибори во Шпанија во неделата, трети за помалку од една година, поворни победи владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE), но со помалку мандати од минатите избори и повторни нема да изма мнозинство, покажуваат прелиминарните проекции на државните медиуми.

Според министерствозо за внатрешни работи, одѕивот на избирачите бил 57 отсто, што е помалку отколку на претходни избори на 28-ми април кога изнесувапе 61 отсто. Се избираа 350 членови на Конгресот на пратениците
(долниот дом), како и 208 сенатори. Право на глас имаа прибложно 37 милиони граѓани, од кои околу два милиона живеат во странство. Пребројувањето на гласовите започна веднаш по завршувањето на гласањето.

Според државното радио Radio Nacional de España, излезните анкети покажуваат дека PSOE може да освои меѓу 114 и 119 мандати во 350-члениот парламент, што е далеку од 176 мандати потребни за просто мнозинство и изгласување влада.

Традиционалните конкуренти на социјалистите, конзервативната Народна партија (Partido Popular) според оваа проекција би освоила меѓу 85 и 90 мандати. Екстремно десничарската партија Vox, пак, се проби како трета политичак сила во Шпанија која веројатно ќе располага со 56 до 59 пратенички мандати, со што ги удвоила мандатите кои ги освои во април.

Коалицијата Обединети можеме (Unidas Podemos), според истата проекција, освоила меѓу 30 и 34 места, а центристичката Граѓани ( Ciudadanos) обезбедиле 14 или 15 мандати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.