Најсилниот земјотрес во последните 40 години регистриран во државата Њујорк

Во северозападниот дел на американската сојузна држава Њујорк е регистриран најсилниот земјотрес последните четириесеттина години, извести телевизиската мрежа NBC News.

Според американскиот Геолошки институт (USGS), епицентарот на потресите бил на два километра источно од градот Вест Сенека, а хипоцентарот бил на длабочина од три километра. Потресот бил регистриран во 6,15 часот во понеделникот, а до властите на округот Ири нема пријавено извештаи за настрадани или за материјални штети.

Од 1983 година, регионот на Вест Сенека, предградие на Бафало близу границата меѓу САД и Канада, биле регистрирани 24 земјотреси со магнитуда поголема од 2,5 степени, а оној од понеделникот бил најсилниот од нив. Потрес со идентична магнитуда од 3,8 според Рихтер бил забележен во 1999 година но на западот од државата Њујорк.

Според сеизмолозите, земјотресите со таква магнитуда не се сметаат за големи и опасни, но имајќи го предвид составот на старата и студена кора во областа, поголемо е пренесувањето на сеизмичките бранови во однос на седиментните области, па затоа луѓето може повеќе да ги почувствуваат подземните удари па и доколку се со многу пониска магнитуда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.