Најскапата торта во Турција е направена од злато

Да се јаде злато може и да звучи чудно, но за некои побогати луѓе, тоа е практика, која влече корени уште од древен Египет. Инспирирана од овој нов светски тренд, компанија од Анкара, главниот град на Турција, инаку позната по своите сладолед торти, ја изработи најскапата торта во земјата, објави „Сабах”.

Специјалниот десерт беше претставен на изложба во Истанбул. На тортата работеле 14 слаткари, 21 ден, а употребено било козјо млеко, чоколадо, крем и 340 грама злато за јадење.

– Оваа златна торта е прва од ваков вид во Турција. Направена е од 340 грама 14 злато за јадење“, изјави Јашар Каплан, претставник на компанијата.

Според него, тимот што ја изработи тортата, работел со најмали и најпрецизни инструменти, за да се добие ова своевидно ремек-дело.

Тортата вреди вкупно 56.000 турски лири (8.615 евра), а парче од неа, пак, ќе чини околу 1.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.