Најскапиот овен на светот продаден во Шкотска, за речиси половина милион долари

Најскапиот овен на светот е продаден на наддавањето Scottish National Texel Sale во Ланарк во Шкотска за рекордни 367.500 фунти, односно околу 490.600 американски долари, пренесува весникот The Independent.

Аукцијата која се одржала во четвртокот, започнала со цена од 10.500 фунти пред драматично да започен жестокото наддавање меѓу конкурентските конзорциуми. Последната понуда била дадена од тројца здружени купувачи и ја поставија „новата рекордна цена во Обединетото Кралство и во светот за овен“, се невдува во објавата на веб-страницата на Texel Sheep Society.

Претходната рекордна сума за овен беше постигната на наддавањето во 2009 година, исто така, во шкотски Ланарк. Тогаш најскапиот овен беше продаден за 231.000 фунти.

Станува збор за овен од расата тексел, наречен „Double Diamond“ (Двоен дијамант). Бил сопственост на извесен Чарли Боден од грофовијата Чешир, и е ткн „ембрионирана“ раса јагниња.

Овните од сојот тексел се најпопуларните во Велика Британија и се одгледуваат главно за размножување, особено поради одличниот квалитет на нивното месо. Поради тоа, и цените на овие животни достигнуваат огромни суми.

Ваквите овни се користат за вештачко оплодување, за максимално зголемување на бројот на потомството од најдобрите животни и за подобрување на генетиката на стадата.

На аукцијата во четвртокот 19 овни биле продадени за повеќе од 10.500 фунти, а второто најскапо животно на истото наддавање било продадено за 68.250 фунти. Интересно е што на Островот поголемиот број земјоделски добиток сѐ уште се проценува и продава на аукциите во гвинеи, стара единица валута која чини околу 1,05 британски фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.