На скопска гинекологија родени шест илјади бебиња, четири тројки и 129 близнаци

Во Македонија годинава се родија околу 20.000 бебиња. Првиот плач на 6000 од нив одекна во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.Меѓу нив, четири тројки и 129 пара близнаци, а реализирани се и 57 ин витро оплодувања

Нова зграда, целосно опремена по најсовремени стандарди и стручен кадар.Скопска гинекологија е најверојатно единствената клиника од која излегуваат најнасмеани лица.

Со неа е тешко да се раководи, но е задоволство и предизвик, вели во интервју за Курир, директорката Марија Хаџи-Лега. Таа една ипол година ја менаџира најсовремената универзитетска клиника.

„Секако, да се биде на чело на ваква институција не е лесно. Секојдневието е полно со предизвици, многу проблеми. Меѓутоа, ете секој ден успеваме да ги најдеме решенијата на проблемите. Имено, станува збор за една голема клиника, најмодерна, најврвна здравствена установа во моментов во Република Македонија од јавните здравствени установи за која што можам гордо да кажам дека чекори рамо до рамо со европските модерни клиники за гинекологија и акушерство,“ вели во интервјуто за Курир, Марија Хаџи Лега.

Повеке од 80 лекари и скоро 350 друг медицински персонал дење и ноќе работат да усреќат многу мајки и да помогнат на многу жени. Освен 6000 породувања, во 2013-та на Гинекологија се извршија и безмалку 3000 оперативни третмани на разни гинеколошки болести.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.