На сопругата на Џони Деп и’ се заканува затвор од 10 години

На сопругата на Џони Деп и' се заканува затвор од 10 години
На сопругата на Џони Деп и' се заканува затвор од 10 години

Амбер Херд, сопругата на актерот Џони Деп, е обвинета за нелегално внесување на две кучиња во Австралија во мај оваа година, за што и се заканува 10-годишна затворска казна.

Новото судско рочиште е закажано за 2 ноември.

Обвинението против Амбер е покренато во јули поради нелегално внесување на две кучиња и поради тоа што за нив приложила лажни документи на царинската контрола.

Инцидентот во мај го привлече вниманието на светската јавност, а австралискиот министер за земјоделство се закани дека кучињата ќе бидат успиени доколку не ја напуштат земјата, по што животните се однесени од Австралија.

Имено, Австралија има строги правила на карантин за животни, со цел да се спречи ширење на болести како што е беснило.

Брачната двојка иако ги вратила своите миленици дома, обвинение сепак било покренато, но само против Амбер.

Доколку биде прогласена за виновна, Амбер би можела да добие парична казна од 100.000 долари и затворска казна во период од 10 години.