На стариот мерцедес му закочил воланот на пат кон Водно

Ни изгаси возилото на пат кон резиденцијата накај Водно, се скина каишот и закочи воланот. Возилото излета од патот. Ако истото се случеше на отворен пат штета ќе беше многу поголема, рече четвртиот сведок на денешното рочиште кој бил во тимот на обезбедување на поранешниот премиер Груевски и на техничкиот премиер Емил Димитриев, а во дел од службата работел и како личен шофер.

На денешното рочиште сведочеa и други лица. Исказите на сите се во насока дека старите блиндирани возила не биле во добра состојба.

Често имаа дефекти и по месец-два бис на сервис, баравме да се набават нови возила бидејќи постоечките не ги задоволуваа потребите, рече сведокот.

За новиот мерцедес сите кажаа дека го користеле и странски делегации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.