Најстариот пештерски приказ на лов откриен во Индонезија

Археолошки тим во Индонезија октрил, како што се предисторискик пештерски приказ од сцена на лива стара најмалку 43.900 години што значи дека тоа би можело да биде најстарото дели на светот кое пруикажува сцена од лов, се вели во студијата објавена во списанието Nature.

Цртежите прикажуваат фигури кои наликуваат на човечки кои ловат свињи и бизони, наведуваат од тимот археолози учесници во истражувањето кое го води австралискиот универзитет Грифит. Делото е пред две години е откриено во варовничка пештера Леанг Булу Сипонг 4, во покраината Јужен Сулавези.

Најмалку осум мали фигурини слични на човечки со поја или јажиња се појавуваат со животни насликани истовремено и со ист уметнички стил, користејќи ја истата техника и темноцрвен пигмент.

Авторите на студијата сугерират дека вклучувањето на ваквите митски сушстества кој делумно се луѓе, делумно животни, се можен показател дека индонезиската пештерска уметноста опфаќа нешто налик на верско размислување за врската меѓу луѓето и животните пред првите луѓе да создаваат ваква уметност во Европа. Имено, со години се веруваше дека пештерската уметноста првпат се појавила во Европа, меѓутоа откритијата во Индонезија тоа го оспоруваат.

 

„Раната пештерска уметнсота во Сулавези може да пружи непроценлив увид во развојот на човековата духовност и ширењето на уметничките верувања и технили кои го создавале модерниот ум. Би било трагично кога овие извонредно стари уметнички дела ви исчезнала во текот на нашите животи, но тоа се случува“, изјави индонезискиот експерт Ади Агус Октавиана, кој бил вклучен во истражувањето.

Научниците сликата со широчина од 4,5 метри ја анализирале и утврдиле дека настанала во текот на постарото комено доба и дека е постара од претходно отикриените прикази на животени во пештерата на островот Борнео, кои настанале пред 40.000 години. На подрачје постојат најмалку 242 пештери и други засолништа со древни прикази, а секоја година се откриваат нови наоѓалишта.