Најстудено и најмногу снег во Битола, најтопло во Гевгелија

42

Во Битола денеска е најстудено, -3 степени, а во Гевгелија се измерени максимални осум степени. До 16 часот висината на снежната покривка е највисока на Попова Шапка, 31 сантиметар, додека во Пожаране е најниска, еден сантиметар.

Како што информира УХМР, нула степени е во Берово и Виница, еден во Крива Паланка и Прилеп, два во Охрид и Претор, три во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид и шест степени се измерени во Струмица.

Снежната покривка во Битола изнесува 14 сантиметри, осум е во Дебар, седум во Маврови Анови, шест во Лазарополе, пет во Ѓуриште и три сантиметра е во Берово, Охрид, Претор и Тополчани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.