Најстудено во Берово, на Попова Шапка 32 сантиметра снег

Најстудено, со минимални минус пет степени, утрово беше во Берово, а максимални четири степени се измерени во Виница.

Според УХМР, до 8:30 часот температурите биле: -2 во Скопје-Петровец и Битола, -1 Струмица и Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, Тетово, Претор, Штип, Демир Капија и Гевгелија, еден степен во Прилеп и Куманово, два во Скопје-Зајчев Рид и Дојран, како и три во Kрушево.

Висината на снежната покривка во осум часот била 32 сантиметра на Попова Шапка, 11 сантиметри во Маврови Анови и 10 сантиметри во Крушево.

УХМР информира дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степена.

Во Скопје сончево и топло со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.