Најстудено во Берово, во Маврово најмногу снег

Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -2 степени и во Тетово со измерени -1 степен. Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри и на Попова Шапка каде се измерени 28 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.